Тренерската сага на Милан како да нема крај. По отпуштањето на Макс Алегри во јануари 2014 година, „росонерите“ имаа осум тренери, а Стефано Пиоли ќе биде деветтиот по отказот што го доби Марко Џампаоло.
За време на овој бурен период на „Сан Сиро“, клубот ја смени својата сопственост три пати, а исто така имаше и голем број измени во раководството.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После разделбата со Алегри, неговиот помошник Мауро Тасоти првично застана на чело на „росонерите“, а потоа Кларенс Сидорф го водеше тимот до крајот на сезоната. Тогаш пристигна Филипо Инзаги, кој претходно ги водеше јуниорите на клубот. Сепак, тој остана само една сезона, а на негово место дојде Синиша Михајловиќ. Србинот, сепак, беше отпуштен во април 2016 година, по што Кристијан Броки ја презеде одговорноста до крајот на сезоната.
Винченцо Монтела беше еден од ретките што изддржи повеќе од една сезона и единствениот што освои титула освојувајќи го италијанскиот Суперкуп против Јувентус на пенали. Монтела беше отпуштен во ноември 2017 и Џенаро Гатузо доби шанса, повторно од Примавера тимот. Рино остана цела сезона 2018/19 и потоа си замина пред да добие отказ.
Ова лето со голем ентузијазам беше доведен Марко Џампаоло, но тој вчера и официјално доби отказ после само 7 натпревари, а за негов наследник денес ќе биде назначен Стефано Пиоли.