„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан е силно заинтересиран за хрватскиот репрезентативец, Никола Власиќ.
Иднината на Хакан Чалханоглу на „Сан Сиро“ е неизвесна, па Милан сака да донсе офанзивен играч за врска, кој е креативен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прв избор е ѕвездата на ЦСКА Москва, Никола Власиќ кој игра фантастично во руското првенство.
Власиќ може да игра на неколку позиции, како класична „десетка“, но и како крилен фудбалер.
23-годишниот Хрват оваа сезона има постигнато 11 гола и 6 асистенции на 27 натпревари за ЦСКА Москва и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Неговата цена во моментов изнесува 30 милиони евра, а Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент.