Дома Топ вести Милан и Јувентус се „тепаат“ за промашената инвестиција на Клоп

Милан и Јувентус се „тепаат“ за промашената инвестиција на Клоп

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Јувентус се сериозно заинтересирани за играчот за врска на Ливерпул, Фабињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фабињо ова лето пристугна на „Енфилд“ од Монако како големо засилување, но до сега не ги оправда очекувањата и изненадувачки доби шанса за настап само на седум натпревари сезонава.

Поливалентниот играч за врска не е задоволен од својот статус во Ливерпул и сака да ја промени средината, па италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација.

Милан е во потрага по замена за повредениот Бонавентура, додека Јувентус бара замена за Емре Чан чие враќање на терените е неизвесно.

Меѓутоа „црвените“ нема лесно да се откажат од фудбалерот за кого ова лето потрошија 45 милиони евра.

https://youtu.be/awHcYPpv8Hs

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…