Дома Топ вести Милан и Јувентус се „тепаат“ за аргентинската ѕвезда

Милан и Јувентус се „тепаат“ за аргентинската ѕвезда

Италијанските гиганти Милан и Јувентус се заинтересирани за младиот напаѓач на Ривер Плата, Јулијан Алварез.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


21-годишниот напаѓач блесна веќе втора сезона во дресот на Ривер Плата и е на мета на многу европски гиганти.

Алварез има договор со аргентинскиот клуб до декември следната година и не планира да го продолжи, па Ривер е спремен да го продаде.

Неговиот агент призна дека напаѓачот е спремен за преселба во Европа, а Милан и Јувентус веќе стапиле во контакт со него.

Алварез е најдобар стрелец во аргентинското првенство и му се предвидува блескава иднина.

Италијанските клубови се спремни да платат 20 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…