Дома Топ вести Милан и Челзи спремаат спектакуларна трампа

Милан и Челзи спремаат спектакуларна трампа

Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Милан и Челзи размислуваат за трампа на своите ѕвезди.

Милан е силно заинтересиран за Алваро Мората, кој не е задоволен од својот престој на „Стенфорд Бриџ“ и сака да се врати во Италија.
Меѓутоа, сумата од 70 милиони евра која ја бара Челзи за неговата слобода е превисока како за Милан така и за останатите заинтересирани клубови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кориере дело Спорт“ тврди дека „росонерите“ имаат идеаја да го понудат младиот голман Џанлуиџи Донарума чија вредност исто така се проценува на 70 милиони евра.

„Сините“ се во потрага по нов голман откако Куртоа одби да го продолжи договорот и најави заминување од „Стенфорд Бриџ“, па поради тоа се заинтересирани за трампата.

Весникот тврди дека преговорите се во почетна фаза, но голема е веројатноста да биде договорена ваквата размена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…