Милан и Лацио вечерва во Рим го одиграа првиот натпревар од осминафиналето во Купот на Италија и натпреварот заврши со најнепопуларниот резултат 0:0.
„Росонерите“ играат добро во последно време, но во нешто изменет состав тимот на Гатузо во Рим целосно потфрли и констатно се бранеше и вистинско чудо е што Лацио не успеа да постигне барем еден погодок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овие 0:0 кога ќе се земат работите во предви може да ги задоволи луѓето во Милан кој на „Сан Сиро“ ќе го бара патот до финалето.
За Гатузо загрижувачки е што се повреди Франк Кеси кој го напушти натпреварот уште во 29-тата минута.
Милан вечерва скоро и да не направи шанси, но со борбена и трпелива игра успеа да одолее на нападите на Римјаните.