Дома Топ вести Милан испраќа понуда за големиот француски талент

Милан испраќа понуда за големиот француски талент

Милан покажува сериозен интерес за младиот дефанзивец на Сент Етјен, Весли Фофана, пренесуваат француските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


19-годишниот Фофана одигра одлична сезона и покажа дека станува збор за еден од најголемите француски таленти, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со агентите на младиот дефанзивец.

Францускиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра, а „росонерите“ се спремни да понудат 25 милиони плус бонуси.

Во следните денови Милан ќе испрати официјална понуда бидејќи Фофана е трансфер цел број еден откако пропадна трансферот на Миленковиќ од Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…