Дома Трансфер зона Милан има план, нуди пари и играч за ѕвездата на Лајпциг

Милан има план, нуди пари и играч за ѕвездата на Лајпциг

Раководството на Милан е во потрага по засилување во одбраната, а најновата желба на „росонерите“ е младиот француски репрезентативец Дајот Упамекано.

Иако Упамекано има само 20 години, тој веќе две сезони е стандарден во редовите на Лајпциг, па неговиот потенцијал го забележаа неколку европски гиганти, како Баерн Минхен, ПСЖ, Тотенхем и Манчестер Сити и Атлетико Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Росонерите“ веќе имале средба со неговите агент, но проблем е што Лајпциг за неговата слобода бара 40 милиони евра.

„Скај Италија“ пренесува дека Милан има план како да дојде до потписот на Французинот и сака да зделката да го вклули Чалханоглу, за кого Лајпциг покажува сериозен интерес.

Италијанскиот клуб е спремен во наредните денови да испрати понуда од 15 милиони евра плус Чалханоглу за младиот дефанзивец.

Лајпциг во 2017 година го откупи Упамекано од братскиот клуб Салцбург за сума од 11 милиони евра, а неговиот договор истекува во 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…