Екипата на Милан од декември ќе има нов генерален директор, а тоа ќе биде Џорџо Фурлани кој ќе го замени Иван Газидис.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Газидис четири години беше во Милан каде што пристигна од Арсенал и за претходните четири години може да се пофали со титулата шампион на Италија. Од друга страна Фурлани е некој кој скоро целата кариера ја помина во Малдини.




Беше во управата на клубот и е во одлични односи со Скарони, Малдини, но и со Стефано Пиоли. Изгледа дека очекувањата сега се поголеми отколку што беа пред четири години, посебно поради минатогодишната титула, па притисокот на Фурлани ќе биде поголем.




Главната цел ќе бидат да се задржат квалитетните играчи и да се одработи добар преоден рок во јануари и што е поважно, летото 2023.