Дома Топ вести Милан има големи планови: Четири имиња на мета за во јануари!

Милан има големи планови: Четири имиња на мета за во јануари!

milan

„Росонерите“ слабо ја отворија сезоната, се најавуваат подобри денови, а управата има намера во јануари дополнително да се засили.

После победата над Сасуоло од 4:1, во Милан веруваат дека овој натпревар може да биде пресвртница на сезоната и да започнат подобри резултати.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како и да е, управата е свесна дека за остварување на целите, потребно е дополнително да ја засилат екипата, а според италијанските медиуми на нивниот радар се најдоа четири играчи.

Првото име е Арон Рамзи, велшкиот репрезентативец од Арсенал кој ќе ги напушти „топџиите“.

https://www.youtube.com/watch?v=yve_gBdKnJ8&t=3s

Во Милан се надеваат дека веќе во јануари ќе можат да го ангажираат со оглед на тоа дека од 1-ви декември нов извршен директор на клубот ќе биде Иван Газидис кој таа функција ја извршуваше во Арсенал. Токму тој треба да биде клучниот човек во ангажманот на Рамзи.

Сепак, тој не е единствената опција за засилување на средниот ред. Малдини и Леонардо наводно веќе стапиле во контакт со агентот на Николо Барела од Калјари.

https://www.youtube.com/watch?v=J1SZjIMKwG4

Третото име кое се наоѓа на оваа листа е Жерар Делофеу, поранешниот играч на овој клуб кој минатото лето е откупен од страна на Вотфорд.

Делофеу дресот на „росонерите“ го носеше во втората половина од сезоната 2016/2017, како позајмен играч од Евертон, но веднаш потоа Барса го откупи неговиот договор од „карамелите“.

Сепак после враќањето на „Ноу Камп“ не се снајде, вториот дел од сезоната ги помина во Вотфорд кој минатото лето го откупи од Каталонците. Повредата доведе до тоа да не игра за „стршлените“ од стартот на сезоната, а наводно во Милан веруваат дека со неговото доведување можат да ги покријат крилните позиции.

Италијанците од друга страна пренесуваат дека и самиот играч е заинтересиран за враќање на „Сан Сиро“.

И последното име кое се поврзува со Милан е Златан Ибрахимовиќ, тој според информациите веќе е во контакт со менаџментот на клубот за враќање во клубот.

https://www.youtube.com/watch?v=ulFMFi0pHDU

Во секој случај сите четири имиња би претставувале големи засилувања за екипата, останува да видиме дали ќе успеат и желбите да ги претворат во реалност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…