Денес се одржа ждребот за Лигата на шампиони, а после долго време во четвртфиналето ќе бидат двата милански гиганти, Милан и Интер.
Во четвртфиналето ждребот е слободен, а единствен услов е Милан и Интер да не бидат домаќини во ист момент бидејќи играат на еден ист стадион.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според ждребот Интер и Бенфика, односно Милан и Наполи паднаа да го играат првиот натпревар на домашен терен.
Меѓутоа, бидејќи тоа не е можно, Милан како актуелен шампион имаше шанса да бида, па избра првиот меч со Наполи да го игра на домашен терен.
Тоа значи дека Интер првиот меч ќе го игра во Лисабон, а реваншот ќе го игра во Милано на 18-ти април.