Дома Топ вести Милан започна преговори со младата холандска ѕвезда

Милан започна преговори со младата холандска ѕвезда

Италијанскиот гигант Милан е сериозно заинтересиран за 18-годишниот напаѓач на АЗ Алкмаар, Мајрон Боаду, пренесуваат италијанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Младиот холандски напаѓач ги импресионираше сите оваа сезона со своите настапи, па постигна 20 гола и запиша 13 асистенции во 35 одиграни меча оваа сезона.

И покрај младата возраст тој демонстрира огромен потенцијал, па неговата цена секојдневно расте. Поради тоа Милан сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Сан Сиро“ ова лето.

Боаду има договор со АЗ Алкмаар до 2023 година, а „росонерите“ веќе започнале преговори со неговиот агент, Мино Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…