Дома Топ вести Милан заинтересиран за играч на Јунајтед!

Милан заинтересиран за играч на Јунајтед!

Морган Шнедерлин најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок, а за Французинот покрај неколку клубови од Премиер лигата интерес покажува и италијански Милан.

27-годишниот Французин ова лето одлучи да остане на „Олд Трафорд“ и да се бори за место во првиот тим, но Мурињо воопшто не му дава шанса, па одлучи да ја промени средината.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе му даде зелено светло да пронајде нов клуб, па сега се чекаат понуди за играчот за врска.

Англиските медиуми тврдат дека најсилен интерес во моментов покажуваат Евертон и Милан и дека голема е веројатноста Шнедерлин да се пресели во Серија А.

Минатото лето Шнедерлин за сума од 26 милиони фунти се пресели на „Олд Трафорд“, но оваа сезона падна во втор план кај Жозе Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…