Летниот преоден рок за Милан се уште не е завршен и на Сан Сиро одлучија што повеќе да ја засилат екипата пред новата сезона.
Новата сезона во Серија А започнува овој викенд и фудбалската јавност е согласна дека не очекува возбудлива сезона. Голем број ѕвезди одлучија кариерата да ја продолжат на Апенините, а нормално во прв план е Роналдо кој потпиша за Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На трансферот на Роналдо профитира и Милан кој успеа да им го “украде“ Гонзало Игуаин. Росонерите донесоа неколку звучни засилувања, но јасно е дека за нив преодниот рок се уште не е завршен.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан ќе се засили со младиот Кастељо кој минатата сезона блескаше во Виљареал. Скај Италија пишува дека Милан и Виљареал се договориле, а Росонерите за овој играч ќе плати 18 милиони евра плус Карлос Бака.
Кастељо ќе дојде на позајмица до крајот на сезоната која Милан ќе го чини четири милиони евра, а наредното лето ќе мора да го откупи неговиот договор и ќе плати дополнителни 14 милиони евра.