Вечерва во рамките од третото коло во италијанската Серија А беше одиграно дербито помеѓу Милан и Рома.
Милан вечерва иако во последните секунди сосема заслужено ги однесе трите бода од дербито со Рома.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Росонерите“ прикажаа одлична игра и создадоа голем број прилики, па на крајот успеаа да слават со победа од 2:1
Милан добрата игра ја искористи во 40-та минута кога Родригез испрати топка во петерецот, а на вистинско место се најде играчот за врска Кеси кој погоди за 1:0.
Тоа беше и резултатот со кој се замина на полувремето.
Во вториот дел исто така видовме еден погодок, но и многу повеќе возбудувања.
Рома без игра на истекот на еден час игра преку Федерико Фазио успеа да стигне до изедначување.
Само неколку минути подоцна Гонзало Игуаин постигна погодок, но истиот беше поништен после реакцијата на ВАР поради милиметарскиот офсајд на Аргентинецот. До крајот на натпреварот видовме и уште еден оправдано поништен гол од ВАР, овој пат на другата страна.
По едно нафрлување новајлијата, Нзози успеа да ја смести топката зад грбот на Донарума. Сепак, Французинот играше со рака, па Гвида по прегледувањето на снимката го поништи погодокот.
Клучниот момент Џенаро Гатузо го направи на пет минути пред крајот кога на местото на Боновентура во игра го внесе најдобриот стрелец од минатата сезона Патрик Кутроне.
Токму младиот напаѓач после фантастичниот пас од Гонзало Игуаин во 95-та минута постигнува гол за победа и три бода на „росонерите“.