Италијанскиот гигант Милан денес на мечот против Сасуоло ќе го прослави својот 120-ти роденден.
Седумкратниот европски шампион е формиран на 30-ти декември 1899 година, а на денешниот меч ќе започне јубилејната прослава која ќе се одбележува цела една недела.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На полувремето, на теренот треба да се појават многу клупски легенди, вклучувајќи ги Дејан Савиќевиќ, Звонимир Бобан, Паоло Малдини, Алесандро Костакурта, Жан-Пјер Папен, Пипо Инѕаги, Даниеле Масаро, Деметрио Албертини и други, а од тренерите ќе се појават Ариго Саки, Фабио Капело и Масимилиано Алегри.
Карло Анчелоти поради оправдани причини нема да може да присуствува на церемонијата, но преку социјалните мрежи испрати честитики до клубот каде имаше голем успех како играч и тренер.
На „Сан Сиро“ денес ќе биде и легендарниот претседател на „росонерите“ Силвио Берлускони.
Buon compleanno Milan!! Non sei più un ragazzino, ma i ricordi, i trionfi, la passione e l‘amore che tante persone provano per te, ti faranno essere per sempre giovane. #SempreMilan pic.twitter.com/6JnRF8CC2g
— Carlo Ancelotti (@MrAncelotti) December 15, 2019