Милан покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат италијанските медиуми.
22-годишниот играч за врска игра фантастично, веќе дебитираше за француската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан е во потрага по квалитетен играч за врска и сака да ја победи конкуренцијата и на лето да го доведе на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ веќе започнале преговори со неговиот агент и наскоро ќе испратат понуда од 45 милиони евра за неговиот потпис.
Кефрен е брат на напаѓачот на Интер, Маркос Турам и е спремен да направи чекор напред во кариерата, па може од следната сезона да гледаме братско дерби во Милано.