Милан е во напредни преговори со менаџерот на Адриен Рабио, кој се уште е без клуб по заминувањето од Јувентус.
Наводно Милан е спремен да го продаде Бенасер, кој има понуда од Атлетико Мадрид, за да ослободи место за доведување на Рабио.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесуваат медиуми голем проблем прави мајката на Рабио која е и негов агент бидејќи бара голема провизија.
Раководството на Милан денес има средба со мајката на Рабио и доколку Бенасер го напушти клубот, тогаш ќе го договори доаѓањето на Рабио.
Tentativo @acmilan per Adrien #Rabiot
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 30, 2024