Дома Фудбал Италија Милан го претстави Фонсека, а тој уште веднаш најави напад на – Скудетото!

Милан го претстави Фонсека, а тој уште веднаш најави напад на – Скудетото!

Екипата на Милан денеска го промовираше Португалецот, Пауло Фонсека за нов тренер.

Милан неодамна го потврди ангажманот на Фонсека кој пристигнува како наследник на Пиоли, а денеска тој ја имаше и својата прва прес-конференција пред новинарите.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Уште веднаш Фонсека најави дека целта на Милан ќе биде Скудетото.

„„Знам дека доаѓам во клуб кој сака да победува. Бев во неверојатниот клупски музеј и ја разгледав историјата на Милан, морам да признаам дека сум среќен што ќе бидам дел. Подготвен сум и не можам да го дочекам почетокот. Морам да признаам дека сум тука бидејќи верувам во борба за скудетото. Верувам во играчите кои ги поседува Милан. Не е тајна дека ни се потребни засилувања, има некои позиции кои треба да ги подобриме“, изјави Фонсека.

Договорот кој го потпиша со „росонерите“ е со важност на две години и опција за продолжување на уште една.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите слават, на повидок важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …