Милан денес и официјално го потврди трансферот на Кристиан Пулишиќ, кој на „Сан Сиро“ ќе го носи дресот со број 11.
Милан за Пулишиќ му плати на Челзи 22 милиони евра, а 24-годишниот офанзивен фудбалер стави потпис на договор до 2027 година, со можност за продолжување на уште една година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Многу сум возбуден што сум тука и што ќе играм во ваков историски клуб. Овде уште од првиот ден се гледа дека се е посебно, затоа сакав да дојдам овде. Од која било причина, не ги добивав можностите што ги сакав во мојот претходен клуб, но сега имам одлична можност да го достигнам највисокото ниво што можам и да го однесам на друго ниво. Ова е огромен клуб, има многу дресови на Милан ширум САД и дефинитивно се доживува како голем, легендарен тим“, изјави Пулишиќ.
Official, confirmed. Christian Pulisic is new AC Milan player. 🔴⚫️🇺🇸 pic.twitter.com/IZtoDriVKv
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 13, 2023