Милан и Реал Мадрид се првите полуфиналисти во Лигата на шампиони откако ги елиминираа Наполи и Челзи.
Милан покажа уште еднаш дека е специјалист за големи натпревари и одигра фантастичен натпревар во Неапол. Домаќините имаа фуриозни 20-ина минути, но „росонерите“ откако го издржаа притисокот почнаа да се закануваат, а Маруо Руи го фаулираше Леао во казнетиот простор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жиру не успеа да го совлада Мерет од белата точка, а потоа имаше уште една одлична шанса после која победник беше голманот на Наполи. Во 43-та минута следуваше моментот на мечот кога Леао во фантастичен соло пробив после 60-има метри му ја сервираше топката на Жиру за водство од 1:0.
Во второто полувреме Наполи не успеваше да направи сериозна шанса, Милан одлично се бранеше, но во 81-та минута Томори играше со рака во казнетиот простор. Мењан покажа дека е еден од најдобрите големани во светот и го одбрани ударот на Кварацхелија. Почесниот гол за Наполи ги постигна Осимен во 93-та минута.
Реал Мадрид со уште една победа од 2:0 го совлада Челзи. Овој пат херој за „кралевите“ беше Родриго кој ги постигна двата гола,.