Италијанскиот гигант Милан денес го официјализираше новиот договор производителот на спортска опрема „Пума“.
„Пума“ е официјален спонзор на „росонерите“ од 2018 година, а денес двете страни ја продолжија соработката за нови пет години, односно до 2028 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До сега Милан добиваше 14 милиони евра годишно од „Пума“, а со новиот договор „росонерите“ ќе инкасираат меѓу 30 и 35 милиони евра по сезона, што е најскап спонзорски договор во историјата на клубот.
Според новиот договор, кој ќе стапи на сила од јануари 2023 година, „Пума“ ќе го прендира и тренинг центарот на женскиот тим на Милан.
🤝 @pumafootball and #ACMilan announce a long-term extension of their partnership and will launch the "PUMA House of Football" Training Center ➡️ https://t.co/kkfkiEQQnm#SempreMilan pic.twitter.com/DOoPMHDbES
— AC Milan (@acmilan) June 29, 2022