Дома Фудбал Милан го потврди капитенското име за новата сезона, спореден со Неста еве кој ќе ја има честа…

Милан го потврди капитенското име за новата сезона, спореден со Неста еве кој ќе ја има честа…

По заминувањето на Леонардо Бонучи, местото на капитен во тимот на Милан е испразнето.

Во сезоната 2018/19 капитен на „Росонерите“ ќе биде Алесио Романјоли.

Тоа е одлука на Џенаро Гатузо и управата на Милан, а се е потврдено и од страна на клубот.

„Романјоли беше единствена светла точка на крајот од тунелот во овие два месеци во текот на летото. Навивачите го сакаат и играчите го почитуваат. Токму како и Неста, тој е воздржлив, сериозен, стои цврсто на нозе. Затоа е вистински избор за капитен“, наведуваат во Милан.

Романјоли ќе го замени Леонардо Бонучи кој изминатата сезона ја носеше капитенската лента.

Милан првиот меч оваа сезона во Серија А ќе го игра против Наполи на „Сан Паоло“, натпревар кој ќе се одигра утре и токму тоа е мечот каде капитенот ќе биде Ромнајоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хал осум кола не знае за победа, Брајтон ја брка близината на Арсенал

Тимот на Сергеј Јакировиќ го пречекува второпласираниот Брајтон, кој со победа би се добли…