Поранешниот претседател на Милан, Силвио Берлускони зборуваше за тешката финансиска ситуација во својот поранешен клуб, а неговите зборови беа „подгреани“ после шпекулациите за промената на техничкиот спонзор на „росонерите“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, после две децении успешна соработка, германскиот гигант „Адидас“ одлучи да ја прекине соработката со Милан.
Според пишувањето на „Газета Дело Спорт“, Милан е многу блиску до поптишување на договор со „Пума“.
Сепак, финансиската загуба не е мала. Милан со „Пума“ ќе потпише договор до 2023 година, а вредноста на договорот се очекува да изнесува помеѓу 10 и 15 милиони евра по сезона. „Адидас“ плаќаше околу 19 милиони по сезона, што значи дека во наредните шест сезони Милан ќе изгуби околу 30 милиони евра.