Милан и Црвена Звезда постигнале начелен договор за трансфер на талентираниот напаѓач Марко Лазетиќ, пренесуваат италијанските медиуми.
Лазетиќ има само 17 години и оваа сезона запиша неколку меча за првиот тим на Црвена Звезда, но тоа беше доволно за да го приметат скаутите на италијанскиот гигант.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Станува збор за талентиран напаѓач, кој го привлече вниманието со двата гола против Зенит во младинската Лига на шампиони.
Милан за неговиот потпис со вклучени бонуси ќе плати 6 милиони евра и сака трансферот да го комплетира до крајот на јануари.
Лазетиќ во следните денови треба да пристигне во Милано на лекарски прегледи и да стави потпис на 4 и пол годишен договор.
🚨 Milan have picked the potential replacement of Pellegri: Serbian forward Marko Lazetic of Crvena zvezda. Milan offered €5M to sign him in January
— Milan Eye (@MilanEye) January 22, 2022
[@TuttoMercatoWeb] pic.twitter.com/iMa0P6sZ0L