Mилан денес го одигра својот натпревар од 1/8 финалето на купот на Италија против СПАЛ и забележа убедлива победа.
Навивачите сигурно посакуваа и денес да го видат Ибрахимовиќ на теренот, но Пиоли се одлучи да го одмара Швеѓанецот, а се покажа и дека и без него Милан лесно може да се справи со СПАЛ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После неколку создадени шанси Милан го постигна првиот гол во 20. минута преку Криштоф Пјонтек. Продолжи Милан да напаѓа и тоа им се исплатеше во финишот од првиот дел кога Кастиљехо со еден еврогол зголеми на 2:0.
Во второто полувреме конечните 3:0 ги постави најдобриот стрелец на Милан сезонава Тео Ернандез. Во СПАЛ можеби малку се понадеваа дека можат до гол во последните минути од натпреварот кога главниот судија покажа на белата точка, меѓутоа набрзо по реакција на ВАР неговата одлука беше променета и пенал немаше.
Милан во четвртфиналето ќе игра против Торино.
⚽️ GOOOAL CASTILLEJOO
— TeamMilanAC (@TeamMilanAC) January 15, 2020
AC Milan 2-0 SPALpic.twitter.com/PO9OQdDe6L
THEO HERNANDEZ LE CYBORG ! 3-0 ! #MilanSPAL @acmilan@LFC@OfficialFPL @premierleague@goal@HDGoalsLive#MilanSPAL pic.twitter.com/Bj3TFpRQlr
— BBL Lover (@BBL_365) January 15, 2020