Дома Фудбал Италија „Милан во вакви околности може да биде шампион, но Интер е најопасен“

„Милан во вакви околности може да биде шампион, но Интер е најопасен“

Mилан во саботата го доби дербито на 4. коло во Серија А против Интер со 2:1 и така „росонерите“ се искачија на првото место на табелата.

Тимот предводен од Стефано Пиоли игра одлично и на стартот има четири победи во исто толку натпревари и гол разлика 9:1.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот стратег Фабио Капело смета дека Милан има шанси да стигне до Скудетото.

„Во вакви чудни околности во кои се игра фудбалот Милан може да стане шампион. Пиоли има добри опции, тимот изгледа одлично, но најважно е што сите веруваат во тоа. Погледнете го Ибрахимовиќ, не само што постигнува голови, туку и со својот став го влече тимот напред. Ако сите го следат тогаш имаат шанса“, смета Капело, но сепак остана на својата претходна прогноза дека Интер е најопасниот тим во лигата.

„Останувам на својата прогноза. Интер е најопасен тим во лигата, но Конте мора да на правилен начин да го врати тимот на победничкиот пат. Мора во тимот да се вклопат и оние играчи за кои се најавуваше дека ќе заминат, тогаш се ќе биде во ред. Интер има страшно голем потенцијал во нападот, одбраната е неубедлива“, објасни Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…