Главна трансфер цел на Милан следното лето ќе биде напаѓачот на Торино, Андреа Белоти.
Милан во 2017 година понуди 60 милиони евра за Белоти, но Торино тогаш ја одби понудата и напаѓачот се уште го носи дресот на „биковите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Торино оваа сезона се бори за опстанок, а Белоти е единствена светла точка во тимот, но веќе го известил раководството дека сака да ја промени средината.
Познато е дека Белоти е голем навивач на „росонерите“, а Милан се уште покажува интерес за неговиот потпис.
„Росонерите“ сакаат долгорочно решение во нападот бидејќи Ибрахимовиќима полни 39 години и во Белоти гледа идеално решение за нападот.
Белоти на лето ќе влезе во последната година од договорот и Милан е спремен да понуди 30 милиони евра за неговиот потпис.