Дома Фудбал Милан вечерва му оддава почит на Коби, судијата не дозволи минута молк (ФОТО+ВИДЕО)

Милан вечерва му оддава почит на Коби, судијата не дозволи минута молк (ФОТО+ВИДЕО)

Вечерва Милан и Торино го играат натпреварот од италијанскиот куп, Милан на овој натпревар му оддава почит на трагично загинатиот Коби Брајант кој беше голем навивач на „росонерите“.

Милан пред натпреварот постави дрес покрај корнер знамето.

Кога „Сан Сиро“ се наполни следуваше церемонија и беше пуштен краток филм од Коби, додека на екранот беше испишано „Засекогаш Коби“.

Фудбалерите на Милан и Торино се наместија и на центарот за да му оддадат почит со една минута молк, меѓутоа судија не дозволи нешто такво бидејќи не добил дозвола од раководството на италијанскиот фудбал.

Милан и Торино вечерва играат со црни ленти, а за тоа може да бидат и казнети бидејќи се одлучија на таков потег без дозвола од раководството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даде 38 гола, но остана без Мундијал: Далиќ повторно под лупа поради Белјо

Изоставувањето на напаѓачот на Динамо повторно отвори дебата во Хрватска. Новинарот Вице К…