Приоритет на „росонерите“ во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а главни мети се Алваро Мората и Радамел Фалако, тврди „Газета дело Спорт“.
Милан со сигурност ќе донесе нов напаѓач на „Сан Сиро“ откако Калиниќ и Андре Силва разочараа изминатата сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најголема желба на „росонерите“ е напаѓачот на Челзи, Алваро Мората кој и минатото лето беше поврзуван со трансфер на „Сан Сиро“.
Шпанецот не се снајде најдобро во Премиер лигата и сака да се врато во Италија, а Милан повторно ќе се обиде да го донесе во своите редови. Меѓутоа тој трансфер ќе зависи од одлуката на УЕФА, дали клубот ќе игра во Лига Европа наредната сезона или не.
Доколку Европската куќа на фудбалот го исфрли Милан од ЛЕ поради нарушување на Финансискиот фер-плеј, тогаш „росонерите“ имаат „план Б“.
Во тој случај Милан ќе се насочи кон Радамел Фалкао од Монако. Колумбиецот може да пристигне на едногодишна позајмица, а во спротивна насока ќе се пресели Андре Силва, кој е голема желба на клубот од „кнежевството“.