Екипата на Милан се засилува бесплатно со еден од најголемите аргентински таленти, 18-годишниот Лука Ромеро, објавија италијанските медиуми.
Офанзивецот кој игра како крило и како креативец зад напаѓачот доаѓа од Лацио како слободен играч и денес треба да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор.
#Calciomercato | @acmilan, Luka #Romero è arrivato alla Madonnina per sostenere le visite mediche. Nel pomeriggio la firma sul contratto https://t.co/jmSpvGFZKX
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 6, 2023
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Лацио Ромеро помина две години, а го постигна и дебитантскиот гол во Серија А уште како тинејџер. Претходно настапуваше во Мајорка каде што на 15 години влезе во игра против Реал Мадрид и така стана најмладиот фудбалер во историјатан а Ла Лига кој одиграл серниорски натпревар.