Дома Фудбал Италија Милан без Ибрахимовиќ во Лигата на шампионите

Милан без Ибрахимовиќ во Лигата на шампионите

Јануарскиот преоден рок заврши за поголем дел од европските клубови, па така сега следи регистрацијата на фудбалери за европските натпреварувања.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан ги регистрирал играчите на кои ќе смета за најелитното европско натпреварување, а помеѓу нив не е Ибрахимовиќ.

Иако Милан реално не е помеѓу првите фаворити, но секако не може да отпише, па ова беше некоја надеж за Ибрахимовиќ кој се опоравува од повредата да дојде до трофејот кој му недостасува. Надвор од терените напаѓачот е веќе девет месеци.

Последниот натпревар го одигра против Сасуоло во мај месец и на терените според последните најави би требало да се врати до крајот на февруари. Неговиот договор со Миулан истекува на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рашфорд го одби Фенербахче, но може да биде „бомбата“ во последниот ден од преодниот рок?

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, ја одби понудата од турскиот Фенербахче. …