Дома Фудбал Миколенко до капитенот на Русија: Молчиш ку*во, никој нема да ви прости📷

Миколенко до капитенот на Русија: Молчиш ку*во, никој нема да ви прости📷

Украинскиот репрезентативец и член на Евертон, Виталиј Миколенко го нападна капитенот на руската фудбалска репрезентација, Артум Џуба.

Војната во Украина директно се одрази и на спортот, па ФИФА ја исклучи Русија од баражот за Светско првенство.

Многу украински спортисти ја критикуваат Русија, а Миколенко отиде чекор подалеку и преку Инстаграм му се обрати на Џуба.

„Додека и понатаму молчиш ку*во заедно со посраните соиграчи невини цивили се убиваат во Украина. Ќе бидеж заклучен во некоја дупка до крајот на животот и до крајот на животот на твоите деца. Никој никогаш нема да ви прости“, напиша 22-годишниот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…