МЗТ Скопје оствари голем триумф против Игокеа со 108:99 во рамки на АБА регионалната лига.
По последниот меч од 4. коло, МЗТ се наоѓа на средината на табелата. Аеродромци одлично го одиграа целиот меч, доминираа, а тоа го покажаа и 13 постигнати тројки.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Предводниците на Тодоров беа расположени за игра, а беа надмоќни против Игокеа иако на теренот ги немаше Мекиќ и Џенсен.
Во таборот на МЗТ најпрецизен беше Дамјан Стојановски со постигнати 23 поени.
МЗТ во следното коло ќе го дочека тимот на Цибона во СЦ „Јане Сандански“.