Дома Останати Кошарка МЗТ декласиран од Партизан

МЗТ декласиран од Партизан

Кошаркарите на МЗТ добија дебакл од белградски Партизан во рамките на второто коло, во регионалната АБА лига со 62-93.

МЗТ одигра катастрофално во одбраната, а во нападот владееше вистинска анархија, без јасна поставеност на нападите, сѐ се сведуваше на индивидуални акции. МЗТ катастрофално шутираше од поле, 36 отсто за два и само 13 отсто за три (4/30).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На спротивната страна екипата која од клупата ја предводи поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ, со јасна цел и план влезе во натпреварот, одбраната гранитна, а нападот го водеше одличниот Хачер.

Концепцијата на МЗТ, Партизан ја растури уште во првата четвртина кога со серија од четири тројки прв пат стекна двоцифрена предност (9-20). Од тој момент „црно белите“ константно ја зголемуваа предноста, плус 23 на полувреме (25-48), а во еден момент во последната четвртина разликата изнесуваше 38 поени.

Партизан погоди 11 тројки од 23 обиди, а за два поени реализираше 69 отсто од обидите.

Тејмс со 20 поени и Мејси со 15 поени и 12 скокови единствени заслужија преодна оценка кај МЗТ, додека Партизан го предводеше триото Хачер со 21, Бирчевиќ со 19 и Маринковиќ со 16 поени.

Наредниот меч МЗТ ќе го одигра веќе в четврток, кога во Загреб ќе гостува кај Цедевита, а Партизан ден подоцна ќе ја пречека Цедевита.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Барди: Во Шпанија ме споредуваа и со Меси!

Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди кој настапува во дресот на Трабзонспор во интервју…