Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ ги отвара вратите: Влезот за клучниот натпревар во АБА лигата е бесплатен!

МЗТ ги отвара вратите: Влезот за клучниот натпревар во АБА лигата е бесплатен!

Во петок МЗТ Скопје го очекува клучниот натпревар против Цибона во последното коло од АБА лигата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За да се надева на опстанок во АБА лигата МЗТ мора да победи. Поради тоа повеќе од јасно е дека на „штрковите“ им е потребна голема поддршка. За таа цел клубот одлучи за овој натпревар влезот да биде слободен.

„Нашите момци в петок (14 април), против KK Cibona (18 часот) го играат последниот меч од регуларниот дел од сезоната во АБА, во кој победата е задолжителна за да останеме во игра за опстанок во јадранската елита. За такво нешто ќе ни биде потребна вашата помош од трибините. Ова е идеална можност да покажеме колку е голема симбиозата помеѓу Аеродром и KK MZT Skopje Aerodrom, но и колку останатиот дел од градот и од Македонија верува и ужива во настапите на сино-белите кошаркари.

Затоа, на Велики петок сите патишта нека водат кон „Јане Сандански“. Трибините нека бидат исполнети до крај и нека ечи песната на нашите навивачи. Заедно секогаш сме посилни, а сплотени секогаш победуваме! Ова нека биде спектакл во предвечерјето на големиот празник Велигден, голем хепенинг со заедничка радост на крајот.

ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН!“, објави МЗТ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонија повторно остана без Евробаскет

Македонската кошаркарска репрезентација загуби убедливо од Естонија со 84-65 и остана без …