Дома Останати Мејведер се предомисли и борба ќе има: Ќе биде тоа најплатената егзибиција во историјата (ВИДЕО)

Мејведер се предомисли и борба ќе има: Ќе биде тоа најплатената егзибиција во историјата (ВИДЕО)

meyeather

Флојд Мејведер сепак ќе се бори во Ризин во последниот ден од оваа година.

Противник ќе му биде Тенишна Насукава, јапонскиот кик-боксер против кого Мејведер требаше да се бори, но потоа одлучи да се откаже.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Американскиот боксер сметаше дека бил измамен од страна на Јапонците и дека закажаната борба требало да биде егзибиција помеѓу неколку луѓе, а не голем настан кој ќе се пренесува ширум светот.

Флојд сепак го смени мислењето после разговорот со првиот човек на Ризин, Нобуки Сакакибира и на крајот сепак се ќе биде егзибиција.

„Тоа никогаш не требало да биде официјална борба, туку егзибиција. На крајот таа ќе се случи и ќе биде најплатената егизибиција во историјата. Само од промоцијата заработив сума со седум цифри. Станува збор за егзибиција без никакви удари со нозе. Јас и тој тип девет минути ќе се движиме во рингот и тоа добро ќе го наплатиме“, изјави Флојд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…