Дома Фудбал Англија Мејведер нов сопственик на Њукасл!? – Се огласи самиот боксер!

Мејведер нов сопственик на Њукасл!? – Се огласи самиот боксер!

meyveder

Флојд Мејведер по повод пишувањата на медиумите дека би можел да вложува во фудбалот се огласи во медиумите.

Според информациите на таблоидот „The Daily Star Sunday“, Meјведер е заинтересиран да го купи премиерлигашот Њукасл кој е ставен продажба од страна сопственикот Мајкл Ешли.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Мејвдер сега во медиумите на некој начин и ги демантираше гласините.

„Го сакам Њукасл. Запознав некои играчи минатата година и сите се супер момци. Секогаш сум отворен за нови бизниси, покрај тоа го сакам спортот, но јас вложувам со глава, а не со срце“, изјави Мејвдер.

Потоа и ја објасни ситуацијата.

„Доколку вложувате со срце тоа е најбрзиот начин да изгубите пари. Но, доколку се изложи добар бизнис план, моите луѓе го проверат и ми кажат „гледај Флојд од ова можеш да профитираш“, тогаш би вложил. Фудбалот можеби не е моја игра, но имам контакти низ целиот свет“, објасни познатиот боксер.

Мејвердер потоа се пошегува дека долго се познава со Кристиано Роналдо и дека би можел да го доведе во Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Погледнете како легендата на Манчестер Јунајтед го прослави победничкиот гол на Реал Мадрид

РИО ФЕРДИНАНД, поранешниот стопер на Манчестер Јунајтед и освојувач на Лигата на шампионит…