Дома Фудбал Италија „Мечот на одлука“ за Пирло е во среда

„Мечот на одлука“ за Пирло е во среда

Јувентус после ремито со градскиот ривал Торино (2:2) дојде на делба на четвртата позиција, а во среда ги чека Наполи во заостанатиот натпревар.

„Старата дама“ е скоро без шанси да го освои Скудетото и ќе се базира на борбата на крајот да биде помеѓу најдобрите четири и да избори место во Лигата на шампионите. Ситуацијата во Јувентус е алармантна, Италијанците пишуваат дека Роналдо со својот гол го спасил Пирло од отказ уште после овој меч.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Единствена утеха за „старата дама“ може да биде доколку во финалето на купот слават против Аталанта, но прашање е дали Пирло ќе го дочека тоа финале. Се шпекулира дека Пирло може да биде отпуштен во среда после евентуален неуспех против Наполи.

Се пишува дека Јувентус би можел привремено до крајот на сезоната да го врати Алегри. Како и да е изгледа дека Јувентус ова лето ќе бара нов и искусен тренер, кој ќе направи и промени во играчкиот кадар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вака Грилиш се рехабилитира од повреда – спие мртов пијан во бар! (Фото)

Англискиот репрезентативец Џек Грилиш (30) повторно го привлече вниманието откако беше заб…