Дома Фудбал Италија „Мечот Аталанта – Валенсија беше биолошка бомба“

„Мечот Аталанта – Валенсија беше биолошка бомба“

Италијански доктор од Бергамо, Фабиано Ди Марко истакна дека мечот во Лигата на шампиони помеѓу Аталанта и Валенсија направил најголема штета на населението во неговиот град.

Пандемијата на коронавирусот почна на 21 февруари и Ди Марко смета дека во Италија не биле подготвени за тоа што следи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Третина од градот Бергамо кој има 120.000 жители се упати во Милано, а многумина од нив за жал во Бергамо се вратиле со коронавируост.

„Слушнавме многу теории за тоа, а јас ќе го споделам моето мислење. Најголемата грешка се случи на 19 февруари, кога преку 40.000 жители на Бергамо беа на „Сан Сиро“, на натпреварот меѓу Аталанта и Валенсија, додека останатите жители на Бергамо групно го следеа овој натпревар и потоа славеа до доцните часови. Тоа беше биолошка бомба, за жал“, истакна италијанскиот доктор.

„Луѓето не беа свесни што прават, но никој не сакаше да го пропушти тој историски натпревар. Луѓе со температура одеа во Милано, од денешна преспектива изгледа како лудост што тој натпревар се одигра со публика, меѓутоа тогаш никој не беше свесен за опасноста која се заканува и која сега е реалност“, додаде Ди Марко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…