Дома Македонски спорт Мак ракомет Металурзите на чело со расположениот Кузман славеа против преполовениот Мешков Брест

Металурзите на чело со расположениот Кузман славеа против преполовениот Мешков Брест

Металурзите славеа во дуелот против Мешков Брест во рамки на СЕХА регионалната лига со 37:33.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Екипата на Мешков Брест дојде со преполовен тим во Скопје, со оглед на тоа дека во истовреме имаа закажан меч и во домашното првенство.

Сепак, гостите создадоа предност, па до полувремето Металург бркаше негатива, а на паузата се замина со израмнет резултат од 17:17.

Во второто полувреме, тимот од Автокоманда успеа да слави.

Најефикасен во таборот на тренерот Јовиќ беше Филип Кузмановски со десет погодоци, а Халил Јагањац постигна девет.

Металург во следното коло му гостува на Татран Прешов, а потоа во последното коло го пречекува Целје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…