Тимот на Металург со триумф го заокружи своето овогодишно учество во регионалната СЕХА лига.
На домашен терен во последниот меч екипата на Јовиќ славеше со 28:26 против Целје, по што како седмопласирани го завршуваат својот настап.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уште во првиот дел, Металурзите успеаа да му парираат на Целје, па на пауза заминаа со четири погодоци позитива, односно 17:13.
Во второто полувреме, Целје во еден момент израмни на 23:23, но тогаш екипата од Автокоманда успеа да создаде серија од 3:0, па на крајот сепак гостите намалија само еден погодок, што значеше конечни 28:26.
Кузмановски во таборот на Металурзите беше најпрецизен со шестпостигнати погодоци, додека на спротивната страна се издвоија Даниел Дишебаев, Макуц и Маргуч со постигнати пет погодоци.