Дома Македонски спорт Мак ракомет Металург не запира: Репрезентативец на Бразил е новото име во Автокоманда!

Металург не запира: Репрезентативец на Бразил е новото име во Автокоманда!

Tимот на Металург продолжува да се засилува за новата сезона, ново име во Автокоманда е Бразилецот, Енрике Тешеира.

31 годишниот среден бек доаѓа од екипата на ЧСМ Букурешт.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Станува збор за ракометар кој е висок 192 сантиметри и тежок 102 килограми, беше дел и од репрезентацијата на Бразил на Светското првенство во 2019 година. Во неговата кариера го носеше дресот на Гранољес од Шпанија, со овој тим играше во ЕХФ купот, меѓутоа се уште нема забележано настап во Лигата на шампионите.

Во овој период Металург работи со полна пареа, Тешеира е четврто засилување. Пред него пристигнаа: Никола Потиќ, Момр Рниќ и Бранко Канкараш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…