Тоа што се најавуваше изминатите денови доби официјална потврда, Лионел Меси е добитник на „Златната топка“.
Аргентинецот по рекорден седми пат ја добива најпрестижната индивидуална награда и е избран за најдобар фудбалер за 2021 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меси не постигна ништо значајно со Барселона минатата година, но ја освои Копа Америка со аргентинската репрезентација.
Поради тоа многумина сметаат дека Меси не ја заслужи „Златната топка“ оваа година. Во изборот Роберт Левандовски заврши на второто, а Жоржињо на третото место.
Четвртопласиран е Бензема, на 5-то место Нголо Канте, а Роналдо заврши на 6-то место, што е најлош пласман за Португалецот од 2007 година.
When Luis Suarez gives the #ballondor to Messi! pic.twitter.com/uUHhMgtVfR
— Ballon d'Or #ballondor (@francefootball) November 29, 2021