Во својот 184. настап за Аргентина, Лионел Меси (37) храбро го отвори пенал-рулетот во четврт-финалето на Копа Америка.
Аргентинците и Еквадорците со пенали мораа да одлучат кој оди во полуфиналето, откако натпреварот заврши 1:1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меси прв ја презеде одговорноста. Сепак, неговиот обид за паненка заврши на гредата. Ова е прв неуспешен пенал за Меси од СП 2022. Тогаш против Полска во групата, неговиот удар од 11 метри го одбрани Војчех Шчесни.
Меси на крајот беше спасен од Емилијано Мартинез. Голманот на Аргентина повторно беше, како и на последното издание на Копа и Светско првенство, херој на пенал серијата и со две одбрани ја донесе својата репрезентација во полуфиналето. Таму Аргентина го чека подобриот од мечот меѓу Канада и Венецуела.
Messi Misses first Penalty vs Ecuador
byu/Redditname97 insoccer