Дома Фудбал Репрезентации Меси шокира: Ја напуштам репрезентацијата ако…

Меси шокира: Ја напуштам репрезентацијата ако…

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси на јавноста во оваа држава и порача во кој случај би ја напуштил репрезентацијата.

Најдобриот фудбалер на Барселона изјави дека доколку репрезентацијата на Аргентина доживее неуспех на Светското првенство во Русија сите играчи би требало да се повлечат од националниот тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Доколку одиграме лошо на првенството, сите би требало да се повлечеме. Невозможно е да останеме доколку се случи такво нешто“, изјави Меси.

Меси минатата година после поразот на пенали од Чиле во финалето од Копа Америка одлучи да се повлече од репрезентацијата поради бројните критики, но подоцна ја промени одлуката.

Тој призна и дека седењето на клупа во редовите на Барселона во претходните два натпревари тешко му паднало, но и додад и дека е свесен дека тоа било исправна одлука на тренерот Ернесто Валверде.

„Тешко прифаќам кога не играм или кога сум заменет, но сфатив и разбрав дека таквата одлука беше најдобра“, додаде Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Денеска во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на ВТБ лигата кошаркарите на Ун…