Дома Топ вести Меси со предлог до Барса – местото на Иниеста да се пополни со овој двоец!

Меси со предлог до Барса – местото на Иниеста да се пополни со овој двоец!

Aндрес Иниеста би можел да го напушти „Ноу Камп“ по завршувањето на актуелната сезона, ветеранот има понуда од Кина.

Поради тоа во Барселона веќе размислуваат за негова замена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доведен беше Кутињо, но јасно е дека Иниеста е еден од најважните играчи во тимот на Валверде и дека ќе мора да биде пронајдена адекватна замена.

Како што пренесува шпанскиот весник „Дон Балон“ мислење за целата ситуација дал и Лионел Меси, првата ѕвезда на тимот.

Аргентинецот смета дека наследникот на Иниеста треба да се бара во фудбалерите кои се веќе дел од Барселона. Конкретно Меси мисли дека местото во тимот на Иниеста може да биде пополнето со веќе оптишаниот Денис Суарез или Карлос Алења.

Меси верува дека овие двајца играчи можат да ја пополнат „дупката“ која би настанала со заминувањето на ветеренот. Мислењето на Меси и тоа како е важно во Барселона, па доколку Иниеста ја прифати понудата од Кина овој двоец би можел да добие прилика наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

УЕФА не дозволува Сити и Џирона заедно да играат во ЛШ

 Манчестер Сити и шпанската Џирона можеби нема да играат во Лигата на шампионите, за која …