Во последно време се погласно се пишува за заминување на Лионел Меси од Париз, навивачите не се задоволни од она што го покажува во дресот на „светците“, посебно не кога тие настапи ќе ги споредат со она што го прикажуваше во дресот на Аргентина на Мундијалот.
Вчера на „Монументал“ во Буенос Аирес 80.000 наваивачи ги поздравија актуелните светски шампиони во нивниот прв натпревар по освојувањето на трофејот во Париз. По натпреварот со Панама имаше и славје на фудбалерите заедно со навивачите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тогаш во тие моменти на славје се случи момент кој привлече внимание.
Имено, Меси заедно со соиграчите и навивачите пееше: „Минута молк за …Бразил е мpтов, минута молк за…Франција е мpтва“.
Секако се алудираше на настаните од Светското првенство, меѓутоа тоа може да придонесе големо незадоволство во Париз каде што Меси треба да се врати по репрезентативните обврски.
“A minute silence for…. Brazil that is dead.”
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) March 24, 2023
“A minute silence for…. France that is dead.”pic.twitter.com/0qXGAy9LgZ