Дома Фудбал Останато Меси: Сетиен може не ме разбра, знам што треба за да се освои ЛШ и со ваква игра не можеме

Меси: Сетиен може не ме разбра, знам што треба за да се освои ЛШ и со ваква игра не можеме

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси смета дека неговиот тим мора да покаже многу подобра игра кога сезоната ќе продолжи ако сакаат да дојдат до трофејот.

После ремито со Наполи (1:1), Аргентинецот изјави дека Барселона тешко ќе ја освои Лигата на шампионите сезонава, а сега повторно зборуваше на таа тема.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Можеби оваа пауза ќе ни користи. Ќе видиме дали и кога ќе продолжи натпреварување. Мислам дека тогаш (изјавата после Наполи) тренерот не ме разбра што сакам да кажам. Јас потенцирав само дека со играта која ја прикажвме на тој натпревар не можеме да ја освоиме Лигата на шампионите“.

„Никогаш не сум се сомневал во квалитетот на тимот и можноста да освоиме се. Секој има свое мислење и тоа треба да се почитува. Моето се заоснова на тоа дека секоја година играм во Лигата на шампионите и знам што е потребно да се освои тој трофеј“, изјави Меси.

Лаутаро Мартинез многу се поврзува со Барселона, Меси зборуваше и на таа тема.

„Тој е импресивен напаѓач. Мислам дека има голем квалитет, многу е силен, одлично дрибла, постигнува голови и добро ја чува топката. Во казнетиот простор секогаш се бори, не се откажува и може да го сврти текот на натпреварот. Спектакуларен е, верувам дека ќе стане голем играч“, смета Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ипсвич се врати во Премиер лигата

Ипсвич со победа на Хадерсфилд од 2-0 го завери пласманот во Премиерлигата каде се враќа п…