Дома Фудбал Меси: Реал е послаб без Роналдо!

Меси: Реал е послаб без Роналдо!

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси за првпат го прокоментира заминувањето на неговиот ривал Роналдо од Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот искено истакна дека според него Реал Мадрид загубил многу со заминувањето на Роналдо.

„Реал е меѓу најдобрите екипи во светот, но евидентно е дека се ослабени со одењето на Роналдо. Искрен да бидам се изненадив од неговиот потег да го напушти Мадрид. За него секогаш има заинтересирани клубови, но во секој случај замина во добар клуб“, истакна Меси.

Португалецот во летниот преоден рок премина во италијанскиот шампион Јувентус и најави атак кон трофејот во Лигата на шампионите.

„Со неговиот ангажман, секако Јувентус е еден од фаворитите за тронот во елитното натпреварување“, смета ѕвездата на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор ја победи Германија со 2:1 во натпревар од последното коло во групата „Е“ и се пла…